Промоција на новиот албум „Dog Show“ на Летечки Пекинезери

Оваа среда (26 ноември), во „Менада“ во Старата скопска чаршија, ќе биде промовиран новиот албум „Dog Show“ на македонскиот џез состав „Летечки Пекинезери“.

Промоција на новиот албум „Dog Show“ на Летечки Пекинезери

Албумот, на кој се наоѓаат 11 композиции е снимен, миксан и продуциран од Ален Хаџи-Стефанов и „Летечки Пекинезери“. Автор на дизајнот на обвивката е Руки. Промоцијата на “Dog Show” ќе биде збогатена со настап на групата во живо.

Џез-квинтетот који го составуваат Бојан Петков – гитара, Иво Солдатовиќ – кларинет, Петар Христов – тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Славчо Коцев – тапани помина низ многубројни значајни џез-фестивали од типот на традиционалното Блуз и џез-рели како и на светскиот интернет фестивал „Made in New York“.