Промоција на музиката од театарската претстава „Малиот принц“

Вечерва (22 февруари) во „Менада“ во Старата скопска чаршија ќе се одржи промоција на музиката од театарската претстава „Малиот принц“, дело на познатиот скопски музичар Игор Василев, попознат како „Новоградска“. Музиката од претставата може бесплатно да се симне од веб-страницата на ПМГ.

„Малиот принц“ е претстава во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, поставена во Турскиот театар во Скопје.