Во кафе-книжарницата „Буква“ на 17 јуни (вторник), од 20 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“ од Милена Сиљаноска.
Промотор ќе биде познавачот на поетиката на младата генерација поети и мислители, Андреј Медиќ Лазаревски.
„По година и пол од промовирањето на првиот роман ‘Ронлива’ од авторката, повторно ќе седнат еден спроти друг за да навлезат во стиховите и значењата. Ако обележје на ‘Ронлива’ беше ‘Девојка од бронза’, овој пат не плашете се да бидете ‘Изгорени од ова сонце’“, стои во најавата.
Во издание на Издавачки центар ТРИ, стихозбирката излезе од печат во јануари годинава. Сега „Зимската тишина“ од Никола Пијанманов се претопи од корицата и како снег што се топи и капе на првиот сончев ден, сосем навлезе во стиховите.
„Што, зошто и како – зборуваме во вторник. П. С. ‘Куќичка на дрво не може да биде дом’, ама ‘Буква’ може“, се вели во најавата.