Промоција на краткиот роман на Санта Аргирова, „Портрет од Дрезден“

Промоција на романот-првенец, „Портрет од Дрезден“ на новинарката Санта Аргирова ќе се одржи овој четврток (4 јуни) во читалната „Славко Јаневски“ во општина Центар, со почеток во 19:00 часот.

„Книжевниот првенец на Санта Аргирова, краткиот роман „Портрет од Дрезден“, е веројатно првиот политички трилер во македонската книжевност, но и вистинско четиво кое од нов агол, во една досега непостоечка жанровска традиција, го покажува духот на времето во Македонија.
Книжевните ликови на Аргирова, со нивните измислени имиња, не можат да се сфатат само како еднозначни реплики на оние „ликови“ кои можеме да ги препознаеме во нашата стварност, туку како протагонисти на еден стар судир: на едната страна се оние кои, колку- толку, успеале да сочуваат дел од своето достоинство, а на друга- робовите на нискоста, парите и моќта.
Трилерот на Аргирова, како и секој експлозивен коктел (а овој роман поседува токму такви обележја) го отвора патот кон вознемирувачкиот сомнеж: можно ли е воопшто, суштественото зло недвосмислено да се лоцира во политиката или и таа е само една од неговите најстрашни трансформации“, стои во најавата на настанот на Фејсбук.

Романот ќе го промовираат Калиопа Петрушевска и Маја Бојаџиевска