Промоција на компилацијата mACIDonia 2015 во МКЦ

Вечерва во 11 ч во Младинскиот Културен Центар ќе биде промовирана компилацијата на македонска електронска музика „mACIDonia 2015“, со сет на неколку познати македонски диџеи.

Инаку, ова е трето издание на компилацијата, после 1999 и 2000 година.

„Во изминативе петнаесетина години, електронската сцена кај нас доживеа фантастична експанзија, како впрочем и во целиот свет. Просто е невозможно да се долови таа креативна и квантитативна дисперзија, ниту пак издавачки совесно да се улови сé што вреди да биде објавено“, вели Мирко Попов од PMG Recordings во официјалниот настан.

Компилацијата ја направиле поради потреба од документирање на имињата и музиката кои треба да се најдат на издание од ваков тип, кои „идејно го издржале тестот на времето“.

„Секако, фалат овде еден куп повеќе или помалку релевантни имиња од нашата актуелна сцена, што може да значи само едно: mACIDonia многу скоро ќе добие продолжение. Ене ја кај е 2016-та“, додава Попов.