Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

Поетската збирка „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022, која ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата, ќе биде промовирана на 16 ноември, среда во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Со почеток во 12 часот во Спомен собата „Т’га за југ“, обраќање за книгата свое обраќање ќе има книжевната теоретичарка Марија Ѓорѓиева, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо – американска литература. Автор е на 8 поетски книги и приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик.

За своето творештво ги има добиено наградите „Студентски збор“, „Браќа Миладиновци“, и престижното меѓународно признание „Ѓакомо Леопарди“ во Италија. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар.