Промоција на книгата „Некои што ги сакаш” од младата авторка Јована Котеска

Промоција на романот „Некои што ги сакаш” од младата авторка Јована Котеска денеска (19 септември) ќе се случи во Нано бар во Скопје.

„Роман, напишан на 14 годишна возраст. Кога фантазијата е побујна од реалните случувања, но, и тогаш кога животот не бира години.
Ќе се запознаете со „Малечките страшливки“ и нивните „Киднапери“, кои ќе ве водат низ непредвидливите животи. Смејте се на нивните глупости, нека ви затрепери срцето на слатките детски моменти, разбудете го вашето дете, присетувајќи се на детството, но, и натажете ги очите и сочувствувајте се со ликовите. Дозволете барем за миг да ви се врати вербата дека човекот кој го љубите е тука и дека се` е добро и тогаш кога не е. Слатко-љубовна приказна со чиј крај ќе ја доживеете како бајка!“, стои во најавата на настанот.

Почетокот на настанот е најавен за 17:00 часот, а промоцијата се организира по важечките протоколи за заштита од Ковид 19.