Промоција на книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза

Книгата „Насликано време“ од познатиот македонски писател Стојан Тарапуза ќе биде промовирана вечерва во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје.

За најновата поетска книга за деца на Тарапуза, кој е добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2014 година на ДПМ, ќе зборува проф.д-р Кристина Николовска, а стихови ќе интрепретира актерот Томе Витанов.

Промоцијата ќе се одржи во спомен – собата на Миладиновци во Библиотеката, со почеток во 19 часот.

Стојан Тарпуза е роден во 1933 година во Злетово. Пишува поезија и проза за деца и поезија за возрасни. Автор е на многу дела од македонската литература за деца. Негови попознати книги се: „Дамбара, дунбара“, „Деновирки“, „Седум брода“, „Ѕуница пауница“, „Златици крилатици“, „Зборови по дворови“, „Шарки жарки“ и други.

Добитник е на повеќе награди и признанија.