Промоција на книгата „Напишан дом“ од Ана Голејшка

Промоцијата на втората книга на поетесата Ана Голејшка „Напишан дом“ ќе се одржи во среда (30 мај), во скопскиот бар Винил, со почеток во 20 часот.

На промоцијата, покрај авторката, стихови ќе читаат Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска и Снежана Стојчевска.

„За мене книгата претставува куќичка од стихови што ги имам пишувано и збирано последниве две години.
Идејата за насловот си дојде природно – на себе и во себе имам безброј домови од песни и сакав да ги зачувам“, ќе рече Голејшка за новото дело.

Книгата беше одобрена на конкурсот на Министерство за култура и е во издание на „Антолог“.