Промоција на книгата „На почетокот на крајот“ во „Јавна соба“

Во „Јавна соба“ на 7 јуни со почеток од 19:30 часот ќе биде промовирана првата книга на Даниел Јанев – „На почетокот на крајот“.

Тој вели дека на трагикомичен начин, но и со мотивациска цел, е опишана неговата приказна и борбата со непредвидливата болест – Мултипла склероза.

Авторот потенцира дека настанот ќе биде од хуманитарен карактер и сите средства од продажбата на книгата ќе бидат донирани.

„Повелете дечки, заедно да ја подигаме свеста кај народот за ова заболување, кое е сè почесто, и да докажеме дека може да се живее, а воедно и да се биде успешен и покрај тоа, и покрај МС“, соопштува тој.

Инаку, Мултипла склероза (МС) претставува инфламаторно заболување на централниот нервен систем што афектира приближно 2,8 милиони луѓе на светско ниво (2022 година). МС е најчесто дијагностицитана кај пациени од 20 до 45 години, иако постојат случаи и кај помлади пациенти, односно деца (постојат примери и кај четиригодишни деца). Иако како заболување е познато повеќе од 150 години (издвоено е како посебно заболување во 1848 година од францускиот невролог Жан Мартин Шарко, болница Салпетриер, Париз), сепак, се’ уште се непознати точната причина за неговото појавување и лекот за негово трајно излегување.