Промоција на книгата „Интензивен курс по агонија“ на младиот Исток Улчар

Вечерва во 20:00 часот во кафе-книжарницата Децата од нашата улица ќе се одржи промоција на поетската збирка „Интензивен курс по агонија“ на младиот автор Исток Улчар, објавена во издание на Темплум.

Песни од книгата ќе читаат Борислав Јарчевски и Евгенија Јанакиеска.

По читањето, музика ќе пушта Христина Шекерова.

Исток Улчар е роден на 11 септември, 1996 година во Скопје. Ја објавил стихозбирката „Сенки низ циркускиот шатор“ (2014 г.). Неговата поезија е застапена во неколку избори на дела од млади македонски и екс-југословенски автори. Учествувал на повеќе книжевни и слем-читања во Македонија и Србија. Негови песни се преведени на српски и на англиски јазик. „Интензивен курс по агонија“ (2016) е негова втора книга.