Промоција на книга раскази „Северно од сонцето“ од Бранислав Ѓорѓевски

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде промовирана книгата раскази „Северно од сонцето“ од Бранислав Ѓорѓевски, издание на „Академски печат“.

Книгата содржи 23 раскази во три циклуси: „Антиљубовни приказни“, „Заминувања“ и „Живот и нешто помеѓу“.

Збирката раскази ќе ги промовира Емилија Мицевска, извадоци ќе чита актерката Тина Трпкоска, а во музичкиот дел ќе настапи бендот „Стокер“.

„Северно од сонцето“ е втора книга раскази на Ѓорѓевски, кој во 2012 ја објави и книгата раскази „Сите тие краеви“.

Бранислав Ѓорѓевски (Скопје, 1986) дипломирал новинарство на Правниот факултет во Скопје.