Промоција на графичкиот роман „Во Италија сите се мажи“ во „Јавна соба“

Во „Јавна соба“ на 11 декември (петок) ќе биде промовиран графичкиот роман на македонски јазик – „Во Италија сите се мажи“ на Лука де Сантис и Сара Колаоне.

„Помеѓу 1938 и 1943 година, околу 300 хомосексуалци беа интернирани на еден остров во јужна Италија. Бидејќи не постоеше законска одредба со која би се оправдала ваквата мерка, одлуката беше спроведувана од локалните полициски управи“, стои во најавата за графичкиот романот.

Организаторите од стрип книжарницата „Бункер“ велат дека ова е приказна за 75-годишниот Антонио, наречен Нинела, кој како млад човек бил заточен во еден таков логор.

Настанот во „Јавна соба“ започнува од 19:30 часот.

ТУКА може да се прочитаат првите 25 страници од „Во Италија сите се мажи“.