Промоција на графичката новела „Некои мали нешта“ на Тонио Сан

Графичката новела „Некои мали нешта“ на Антонио Аранѓеловиќ, познат и како Тонио Сан, ќе има промоција на 8-ми мај од 20 часот во МКЦ – Скопје.

„Антонио Аранѓеловиќ, познат и како Тонио Сан, има да раскаже една приказна, а според него најсоодветната форма за тоа е преку графичка новела од 108 страници (вкупно 112), која ја има изработено во изминативе 18 месеци… Ве покануваме на промоцијата на една од неговите најкомплетни и најсилни уметнички творби. Покрај стрипот, вечерта ќе биде одбележана и со промоција на музички видео спот изработен во соработка со Филмофилска Продукција и песна од Тонио Сан… за која што не сакаме да откриваме ништо повеќе“, најавуваат од МКЦ.

Влезот на проекцијата е бесплатен, а стрипот на самиот настан ќе може да се набави по промотивна цена од 400 ден.