Промоција на деби-албумот на Телемама, „Мис Слобода“

Деби-албумот на визуелната уметница и укулуле-музичарка Телемама (Драгана Заревска) со наслов „Мис Слобода“ ќе биде промовиран оваа сабота (13 јуни) во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија.

Нејзиното албумско првенче е збирка на домашни снимки создадени во интимниот простор, „некаде помеѓу мали сипаници, граѓански протести и сопруг на службен пат“. Албумот ќе биде достапен на ЦД, во ограничен тираж. Од 20 до 21 часот, Драгана ќе изработува персонализирани примероци со женски ликови. Доколку тоа не е вашиот, понесете си ја вашата омилена Мис Слобода, рака под рака или на фотографија, се вели во најавата на настанот.