Промоција на „Цветната дружина“ – првата македонска инклузивна и интерактивна книга за деца

На 16 април, со почеток во 12 часот во градинката „Грин Хаус“ ќе се одржи промоција на првата македонска инклузивна, едукативна и интерактивна книга за деца „Цветната дружина“.

„’Цветната дружина’ е приказна за десет посебни детенца и за нивните десет омилени цвеќенца. Ја напиша Ирена Поповска, ја илустрираше Никола Радуловиќ, а ја дизајнираше студиото Кома. Активностите ги осмисли Катерина Данилоска Поповска. Издавач на публикацијата од 72 страници е ПРКОС“, соопштија организаторите.

За книгата ќе зборуваат рецензентот Никола Гелевски кој е писател и уредник на порталот Окно и на издавачката куќа Темплум, како и Ивана Василевска Петровска, специјален едукатор и рехабилитатор и потпретседател на Македонското научно здружение за аутизам.

Дополнително, организаторите најавуваат „ќе се забавуваме со танчерите од студијата Еурека и Битрикс, а ќе пееме со хорот Ветерница.