Промоција на анимирани филмови за студентски права

Промоција на едукативни анимирани филмови поврзани со студентските права ќе се одржи во четврток (29 октомври) во „Децата од нашата улица“ во Скопје.

Младински образовен форум изработи пет кратки анимирани филмови кои се посветени на теми од високото образование. Видеата едуцираат како студентите да се однесуваат на универзитетот, како да ги заштитат своите права, како да се спротистават на корупцијата во образованието, што е ИИКСА, како да се стават студиите во мирување и останати важни права и обврски кои се запишани во правните документи од високото образование.

Посетителите ќе имаат можност да земат некоја од брошурите посветени за студентски права на МОФ, како и директно да се информираат како да решат одреден проблем поврзан со нивните студии.