Промоција на албумот „Од другата страна“ посветен на групата „Падот на Византија“

Промоцијата на албумот посветен на групата „Падот на Византија“, насловен „Од другата страна“, ќе се одржи во сабота (деветти мај) во „Ла Кања“.

Во албумот учествуваат 13 состави со свои преработки на песните на групата, создавани во периодот на нивното двегодишното постоење 1983 – 1984.

Албумот ќе биде промовиран како дигитално веб издание и ќе биде достапен за слободно преземање.

„Од другата страна“ ги содржи преработките на Тело-Наука Совршена, Мизар, Новоградска, Ти, SUSIJAT, PMG Kolektiv, Александар Пејовски, Mooger Fooger, Millko, Galatheia, Сашко Костов, Foolish Green и Демек.