Промоција на 5 дигитално реставрирани македонски филмови

ДВД издание со пет дигитално реставрирани македонски играни филмови ќе биде промовирано во Кинотека на С. Македонија на 12 март со почеток во 19 часот.

Изданието ќе содржи пет реставрирани македонски филмови како „Три Ани“ (1959) од Бранко Бауер, „Жед“(1971) од Димитрие Османли, „Македонскиот дел од пеколот“ (1971) од Ватрослав Мимица, „Татко (Колнати сме Ирина)“ (1973) од Коле Ангеловски и „Хај Фај“ (1987) на Владимир Блажевски.

Хронолошки, филмовите се снимени во период од 28 години, а реставрацијата е резултат на меѓународната соработка помеѓу Кинотеката на С. Македонија со филмските архиви од некогашна Југославија.

Тематиката која ги „спојува“ сите филмови е тегобноста. Во филмот „Три Ани“, тоа е тегобноста на егзистенцијата по смртта на чедото, додека во „Жед“ се огледува во безизлезноста на малото зафрлено место „на пола пат за никаде“. Во „Македонскиот дел од пеколот“, тегобноста е во окупираното село од страна на фашистичката војска, во „Татко (Колнати сме Ирина)“ тегобноста е внатре во душата на главните карактери, додека во ХАЈ-ФАЈ, тегобноста е во заробениот ум.

На промоцијата ќе бидат авторите Коле Ангеловски и Владимир Блажевски.

На 12, 13 и 14 март во Кинотеката на С. Македонија, посетителите ќе бидат проектирани  петте реставрирани филмови.