Промени во начинот на гледање видеа на YouTube, отсега достапни и во 360 степени

YouTube додава нова димензија на начинот на гледање на видеата така што отсега тие ќе бидат достапни во 360 степени.

Со користење на Google Chrome за десктоп верзија или Android верзијата на YouTube, може да се видат новите видео во 360 степени и да се ротира перспективата за да се добие поинаков поглед на дејството. Оние пак, кои имаат слушалки како Google Cardboard или Oculus Rift ќе имаат можност подобро да ја искусат новата снимка.

Новите снимки во 360 степени можат да бидат корисни за видеа од концерти или спортски настани. Google се надева дека во иднина ќе овозможи видеа во 360 степени и за други уреди како iPhone и iPad на Apple.

Google како сопственик на Youtube, во 2014 година заработи 66 милијарда долари. Меѓутоа, намалувањето на цените на рекламите ја доведе компанијата во крајна линија. Според неодамнешен извештај на Wall Street Journal, YouTube не остварил ниту загуба, ниту добивка.

Извор: fortune.com