„Пролет во неомври“ со Македонската филхармонија и врвниот пијанист Џорџ Ли

Наградуваниот американски пијанист Џорџ Ли во четврток (17.11) ќе настапи заедно со Македонската филхармонија, на концертот „Пролет во ноември“, кој ќе се одржи во Домот на АРМ во 20 часот.

Ли е минатогодишен добитник на втората награда на престижниот Меѓународен натпревар „Чајковски“, победник на 14. Интернационален конкурс „Анимато“ во Париз и добитник на третата награда на „Шопен“. Се смета за еден од најталентираните и најкреативните млади пијанисти во светот. Заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, тој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 1 во C-dur од Лудвиг ван Бетовен, кој се смета за едно од омилените дела од овој музички гениј кај изведувачите.

Диригентската палка му е доделена на американскиoт диригент Кејс Скалионе кој постојано ги импресионира оркестрите од целиот свет со „сензитивни и внимателни изведби на музичките дела“, како што критиката ги опишува неговите настапи.

На програмата на концертот „Пролет во ноември“ ќе биде изведена и Симфонијата бр. 1 во B-dur наречена „Пролетна“ од германскиот композитор Роберт Шуман.