Програма за „Конопфест 2019“

„Конопфест“ ќе се одржува утре (20 април) во скопскиот Градски парк од  12:30 часот докај 1 часот по полноќ. Целодневниот настан годинава ќе се биде под мотото „БИЛКА што ЖИВОТ значи“, а ќе се одржува на два стејџа.

Едниот ќе биде на Школка каде ќе има неколку едукативни предавања, по што ќе следува настап на диџеи.

Вториот стејџ, пак, ќе биде поставен на полјаната Вембли каде се предвидени повеќе македонски бендови и артисти.

„Оваа година ги споивме силите со Универзална сала со која заедно ќе го коорганизираме овогодинешниот ‘Конопфест’. Дојдете во голем број да упатиме јасна порака до политичките фактори дека сме тука, дека сме многу и дека не сме криминалци. ‘Билка’ веднаш по завршување на претседателските избори ќе поднесе предлог законски измени на Кривичниот Законик кои доколку се усвојат ќе доведат до декриминализација на канабисот! Се гледаме соборци!“, велат од Здружението „Билка“, кои втора година по ред го организираат „Конопфест“.

Еве ја целата програма: