„Човек без својства – политики на маргините“ е темата на фестивалот за критичка култура „КРИК“, кој вечерва почнува со настан во „Котур“, а ќе се одвива како процес низ неколку етапи во годината.
Според организаторит, „КРИК 04“ ќе биде посветен на разговор, критичко промислување и анализа на политичкиот, економскиот и, пред сѐ уметничкиот синдром кој го живееме, а тоа е синдромот на човекот без својства кој е во постојана залудна потрага по изгубеното време.
„Особено ни е важно прераснувањето во платформа и форум за критичка култура, низ која ќе бидат во постојан разговор и конфронтација сите можни алтернативи на промислување на општеството, политичкото, културата, низ агонот со нормираното, зададеното и воспоставеното. Токму затоа, ве повикуваме низ овој прв дел на КРИК да бидеме заедно и отворено да разговараме за сите можни патеки низ кои би сакале да го движиме нашето тело како стратегија на отпор“, се вели во најатата за фестивалот.
Ова е програмата за „КРИК“:
18 Јуни (вторник, локација: Котур)
19:30 – КРИТИЧКО ЧИТАЊЕ НИЗ ФИЛМОВИ
(Селекција на Петар Милат)
Ich war zuhause, aber (Јас бев дома, но) [2019]
Режија: Ангела Шанилек
Времертаење: 105 мин
19 Јуни (среда, Чифте Амам)
19:00 – 20:30
Нејтан Браун, Канада: „Празнината, темнината и соголеноста: засновани врз детерминантите во Цвеќињата на злото“ – предавање
20:30 – 21:30
Арон Шустер, Холандија: „Театарот на мртвите на Жене“ – предавање
20 Јуни (четврток, Чифте Амам)
16:30 – 18:30
Нејтан Браун, Канада: „Естетичко образование наназад: политички ќорсокаци на сегашноста“ – семинар
20:00 – 21:00
Артан Садику, Македонија: „Илјада маргини“ – предавање
21 Јуни (петок, КОТУР)
19:30 – КРИТИЧКО ЧИТАЊЕ НИЗ ФИЛМОВИ
(Селекција на Петар Милат)
Segunda Vez (Втор пат) [2018]
Режија: Дора Гарсија
Времетраење: 94 мин.
22 Јуни (сабота, Чифте амам)
19:30 – 20:00
Лина Гонан, Хрватска: „Геј нормалност и анти-инклузивистичка квир мисла“ – предавање
20:00 – 21:00
Станимир Панајотов, Бугарија: „Резервна армија на смртта“ – предавање
Повеќе инфо за фестивалот ТУКА.