[Програма] Струмица опен фестивал 2014

Од вечерва, па до 17 август во Струмица ќе се одржува културно-забавната манифестација „Струмица опен фестивал 2014“. Организаторите во овој период најавуваат 28 настани кои ќе се одржуваат на 10 отворени сцени низ Струмица, при што за прв пат годинава дел од фестивалските содржини ќе се преселат во околните населби.

[Програма] Струмица опен фестивал 2014

Концерти, ликовна колонија, вечери на поезијата, на театарот, на филмот, вечер на афоризми, промоција на книги, изложби се само дел од годинешната понуда. Звучните имиња се оставени за последните три дена, за кога се најавени концертите на Бајага и Инструктори, Кирил Џајковски, САРС и Здравко Чолиќ.

Вечерва со почеток во 21 часот на градскиот плоштад во Струмица, фестивалот ќе го отворат членовите на студиото за модерен балет „Газели“, по што следува настапот на финалистите на детскиот фестивал Јо – Јо. Забавата вечерва ќе продолжи на познатата леблебиџиска улица со рок бендот „The Hounds“.