[Програма] Интернационални артисти, живи статуи и диџејски сетови на „Статуафест“  

Интернационалниот уличен уметнички фестивал „Статуафест – Другото лице на улицата“ ќе се оддржи на 14 и 15 септември, на улица „Македонија“ со почеток во 18 часот па се до полноќ, а организаторите најавуваат светски познати артисти.

Меѓу нив се и ако „Ел трио ла ла“ од Барселона, кои се светски прваци на интернационалниот натпревар за живи статуи во Архем, Холандија, а покрај оваа имаат освоени и уште неколку други награди.

„Ни доаѓа артист и од Украина кој е заштитно лице на фестивалот, а ќе настапи со актот ‘Mr. Show time’. Доаѓаат артисти од Бугарија, Србија, а ќе настапуваат и живите статуи од македонската продукција ‘Театроск’ која е организатор на овој фестивал. Актот ‘Контрабас’ со кој ‘Театроск’ освои прво место на интернационалниот натпревар за живи статуи на фестивалот Зигет во Унгарија, исто така ќе биде претставен пред македонската публика“, велат од „Театроск“.

Улични живи статуи од театарот „Артел Мит“ од Киев, Украина

Освен живи статуи, свој музички сет ќе има DJ Соња Исмаил, а свој концерт ќе оддржи и скопската група „Пеперминт“ на 14 септември.

Веќе на 15 септември програмата е поинаква, па паралелно со настапот на живите статуи, музика ќе пуштаат скопски урбани ликови, меѓу кои и Билјана Секуловска, Никола Димитров, Анте Попоски, Бранка Костиќ Марковиќ, Џабир Дерала и Иво Антов.

Целосната програма подолу: