[Програма] Вечерва се отвора шестото издание на „Бош“ – Фестивал на слободата

Од вечерва до 24 август, на неколку локации низ Гевгелија ќе се одржува шестото издание на фестивалот „Бош , манифестацијата посветена на починатиот актер Бошко Бозаџиски која се обидува и успева да го редефинира јавниот простор преку урбаните уметности. Во текот на трите фестивалски дена (петок, сабота, недела), предвидени се бројни off-mainstream содржини, (професионални и аматерски):  театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видео арт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања. Сите настани на „Бош“ се бесплатни.

бош

Целата програма проследете ја подолу:

ПЕТОК, 22 август

КОЛЕКТИВ “КУЛА” – Стара Градинка / 20:30 ч.

Инсталација од рециклиран отпад- на инсталацијата ќе се работи на лице место во текот на трите фестивалски дена.

COSMIC / GLITCH, Slovenia – Стара Градинка / 21:30 ч.

‘Vakuum’ -презентација

Концерти – Стара Градинка / 23:00 ч.

Fighting Windmills  /GreenFuzz  – живо

ДЛАБОКО ВО НОЌТА-DJ сетови од пријателите на БОШ…

САБОТА, 23 август

БОШ RECHARGEABLE – Сифулајски острови / 10:00 – 19:00 ч. (полнење батерии)

МИЛОШ АНДОНОВСКИ – Градски Театар / 12:00 ч.

„Театарско рандеву’ -отворен настан за сите љубители на театарската уметност.

АВТОНОМЕН КУЛТУРНО-СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР – (АКСЦ) – Стара Градинка / 18:00 ч.
„Културно-социјални центри – нови жаришта на слободата’ – панел дискусија

ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ – Уметничка галерија ‘АМАМ’ / 19:00 ч.
‘Yes or No?’ Автопортретно експресивно фабрикување на индивидуата низ внатрешниот емотивен набој на Ван Гог, преку серијалот на Ворхол, со популарното селфи.

Концерти – Стара Градинка / 20:00 ч.

3plusminus /LENHART TAPES (Србија)/K.N.N.T./MECHANIMAL (Грција) -живо

*VISUALS: APMOHNKA

ДЛАБОКО ВО НОЌТА 2

DJ сетови од пријателите на БОШ…

НЕДЕЛА, 24 август

БОШ RECHARGEABLE 2 – Сифулајски острови / 10:00 – 19:00 ч. (Полнење батерии)

ЈАНА ЈАКИМОВСКА – Градски Театар / 19:00 ч.

‘I was gonna paint… или еднонеделни изговори’ -Рачно доработувани принтови настанати претежно со преџвакување на стари идеи и фотографии.

НЕНАД ТОНКИН – Градски Театар / 19:00 ч.
‘All the Hits’ – Аудио инсталација составена од извадоци од 100 популарни музички хитови, поврзани во една целина и пуштени во еден ист момент.

МОКУ ТЕРАОКА, Јапонија – Стара Градинка / 21:00 ч.
‘Од Токио до Морава’

Концерти – Стара Градинка / 20:00 ч.

SÜRTÜKLER! /SUGAR FACTORY (Грција) – живо

r e : v o l t # 3 (Стефан Сидовски, Gaf Maf Gaf Gam 1977/2014)

ДЛАБОКО ВО НОЌТА 3

DJ сетови од пријателите на БОШ…

Деталната програма може да ја најдете ОВДЕ.