[Програма] „Бела ноќ“ 2018: кинопроекции на кровот на ГТЦ, концерти и изложби

Во сабота, 6 октомври, по 14-ти пат ќе се одржи 24-часовната манифестација „Бела ноќ“. Ноќта помеѓу сабота и недела, граѓаните ќе може бесплатно да посетат бројни културни настани во главниот град.

Годинава нема да се одржи 24-часовен филмски маратон во кино Милениум, но затоа ќе има проекции на филмови на кровот на ГТЦ во организација на ЕХО фестивал. И годинава ќе има разни концерти и изложби, како и театарски претстави. Преку ден ќе има и настани за најмалите.

Во продолжение, целата програма:

17:00 – 19:00 > Детски културен центар – Карпош
*Изложба на детски цртежи

18:00 – 19:30 > Лептокарија – широкиот плоштад пред Кофеин
*Детска програма со Колектив Ветерница – „Ветеруваме и опоменуваме”

18:30 > Железничарска зграда
*„Кога зградите би зборувале – кино за заедницата“

18:30 – 20:30 > Млечен ресторан – плато
*Отворена детска работилница за уметност со Доротеј Нешовски

19:00 – 20:00 > Градски парк – тревник кај лавиринтот
*„Концерт на „Е’н 2 три“

19:00 – 05:00 > МКЦ
PMG Recordings Festival 8 Sonična Mladost

19:00 > НУБ
*„Опскурно Скопје”

19:19 > КИЦ
*Изложба на средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“

19:30 – 22:00 > Плочник зад Соборен храм
*Камерен концерт + fund raising за фестивали

19:30 > Национална галерија на Македонија – Мала Станица
*Театарска претстава „Подигни ме“, во Продукција на Театар Пи

20:00 > Музеј на Град Скопје
*Станко Павлески – перформанс и инсталација

20:00 и 21:30 > Кинотека на Македонија
*Проекција на филмови во рамки на Скопје Синема Сити

20:00 > СУГС„Никола Карев” – Скопје
*Голема свирка на мали бендови + специјални гости Roma Rock School

20:00 – 23:00 > Спомен-куќа на Мајка Тереза
*Изложба на германски автори + диџеј сет на Александар Балдазарски

20-22:30 > ГТЦ Кров
*Кино на кров – Ехо Фестивал

20:00 > Плоштад
*„Визија Скопје“ – Инсталација на Ненад Тонкин и Јана Јакимовска

20:00 > Сквер Јадран
*Концерт на Градски дувачки оркестар

20:00 > Плоштад Карпошово Востание (Ибни Пајко маало)
*Отворање на првиот меѓународен фестивал на светлина „Skopje Art Light District”

20:00 > МКЦ
*Изложба на картички за бетонско Скопје од Филип Конески

20:00 > МСУ
*”Концерт на Дуња Иванова & Ана Пандевска „ГРАДОТ УБАВ И ГРАДОТ ШУГАВ – Свита за Скопје“ / Проекција на филм „Метеори“

20:00 > Македонски народен театар
*Театарска претстава „Јулие Цезар” во изведба на НУ Народен театар – Битола

20:00 > Public Room
* Импров Група

20:30 > Кеј кај Дрво декор
*Поетско читање

21:00 > СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје
*Претстава „Образование?! Абе ајде!“

21-22:30 > О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје
*Вело кино

21:00 > Македонска филхармонија
*Концерт на гудачки квартет (Ана Контраденко, Бојан Илковски, Бојан Талески, Марија Михајловска)

21:00 > ДК Кочо Рацин
*Изложба на Стрип центар на Македонија – Велес

22:00 – 01:00 > ГТЦ галерија
*roller disco со dj Дарко Марковски

22:00 > KINO Kultura
*Претстава „Физика на тагата“ во изведба на Театар Куманово

22:30 > Универзална сала
*Инсталација на францускиот уметник Antez

22:00 > Драмски Театар Скопје
*Театарска претстава „Синиот портокал” во изведба на Театар „Џинот“ од Велес, од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски

цела вечер > Музеј на Македонија
*Постојана поставка „Етнологијата на Македонија“ и постојана историска поставка „Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940 – 1949“