[Програма] „Ад хок фестивал“ на платото на УКИМ

Денеска, утре и во сабота на платото на универзитетот „св. Кирил и Методиј“се одржува „Ад хок фестивал“, под мотото „случајна реакција на конкретна ситуација“, во организација на Студентски пленум.
Фестивалот ќе понуди музичка програма, изложби и многу работилници на актуелни теми организирани од неколку младински организации.

Како дел од музичката програма ќе настапат Новиот Почеток, The John, PMG Collective, Bandix, Rover’s Hangover, Визија, Funk Shui, Bleeding Hearts and Artists, Bona Dea, Зад Аголот, Ексцес, DJ Irie Scratch, DJ Ilina Angel, DJ Goce Saf, DJ UX,DJ B!zarre. Оваа програма ќе се одржува секој ден од 12 до 16 часот попладне.

Во текот на трите фестивалски денови, во аулата на УКИМ, ќе биде поставена изложбата на Ирина Михајлова, уметница која создава уметност од потрошни материјали. Темата на изложбата ќе биде „Како треба да изглеаат студентските домови“.

Свои работилници и предавања на различни теми ќе организираат „МОФ“, „Младите можат“ и „ПСИХЕСКО“.

Младинскиот Образовен Форум ќе организира тренинг за студентски права, преку кој учесниците дознаат повеќе како се ставаат студиите во мирување, како да се побара и кој има дозвола на бесплатни студии, како се заштитуваат личните податоци на студентите, распределување на финансиите од давачката ИИКСА, користење на универзитетскиот простор, како да се спротиставите на корупцијата на вашиот факултет; и повеќе за студентското организирање.Тренингот ќе се одржи в сабота со почеток во 10 часот, а за учество потребно е пријавување на мејлот policy@mof.org.mk.

МОФ ќе организира уште една работилница, на тема „Пропаганда во културата и општеството – како да (не)правиш пропаганда“ Целта на работилницата е учесниците да научат како да ја препознаат пропагандата во медиумите и критички да ги анализираат медиумските објави. Работилницата ќе се одржи на вториот фестивалски ден, од 13 до 16 часот Пријавувањето за учество е на мејлот marija_pavleska@radiomof.mk

„Младите Можат“, ќе организираат работилница в петок од 13 до 15 часот, на тема „Преку активизам до личен развој“, а Здружението на стиденти по психологија „ПСИХЕСКО“ ќе организира дискусија на вториот фестивалски ден од 14 до 16 часот, на тгема морал и морални дилеми на човекот.