Прогласени победниците на „MTV Movie Awards 2014“

Вториот дел од популарната научно-фантастична акциона драма „The Hunger Games: Catching Fire“ беше доминантна во тек на церемонијата за доделување на наградите „MTV Movie Awards 2014“ , која викендов се одржа во Лос Анџелес.

Прогласени добитниците на „MTV Movie Awards 2014“

Oвој спектакл е прогласен за најдобар филм на годината, а титулата за најдобар глумец ја добија Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон, пренесе Б92.

Хачерсон, кому наградата за најдобра машка улога во „The Hunger Games“ му ја врачи Џони Деп му оддаде чест на неодамна починатиот глумец и колега Филип Симор Хофман кој ја играше улогата на Плутарх Хевенсби. Џенифер Лоренс пак, добитничката на наградата за најдобра женска улога не присуствуваше на свеченоста.

Актерот Ченинг Тејтум ја освои наградата „MTV Trailblazer” , а славниот Марк Валберг е годинашен добитник на наградата „MTV Generation“.

Во категоријата најдобра трансформација на филм „MTV On-screen Transformation“ победата ја однесе Џаред Лето за улогата во драмата „Dallas Buyers Club”.

И годинава фановите можеа да гласаат за актерски остварувања кои не постојат на ниту едно слично доделување на филмски награди. Така, за најдобра борба на филм „MTV Best Fight“  беа наградени Орландо Блум и Еванѓелин Лини против Орките во „The Hobbit: The Desolation of Smaug”.

Наградата за најдобар комичар ја доби Џони Хил за улогата во „Волците од Волстрит”, a за најдобар „WTF Moment“ беше награден Леонардо Ди Каприо за интерпретацијата на младиот њујоркшки брокер Џордан Белфорт во истоимениот филм на Мартин Скорсезе.

Во категоријата „Best scared as-shit performance” беше награден Бред Пит за улогата во хоророт „World War Z”, додека во категоријата најдобар бакнеж наградата ја однесоа Вил Поултер, Џенифер Анистон и Ема Робертс во филмот „We’re the Millers”.

Домаќин на свеченоста беше култниот водител на шоуто „Late Night”, Конан О`Брајан. Целата листа на наградените може да ја видите ТУКА.