Прогласени победниците на конкурсот за изработка на постер „ДАНТЕ 700“

Евангелија Ивановска, Јована Ристовска и Иван Коминовски се победниците на конкурсот за изработка на постер посветен на 700-годишнината од смртта на италијанскиот поет Данте Алигиери, организиран од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, во соработка со Амбасадата на Италија.

Првото место го освои Иваноска, студентка на Американски универзитет за Европа – ФОН. Второ место освои Ристовска од Универзитет Американ Колеџ Скопје – УАКС), додека трето место освои Коминовски од Факултетот за ликовни уметности, Скопје.

Прво место: Евгенија Иваноска

Второ место: Јована Ристовска

Трето место: Иван Коминовски

На конкурсот, отворен за студенти на факултетите и академиите за визуелни и ликовни уметности, државни и приватни, и за учениците од средните училишта во Северна Македонија, се пријавиле 170 учесници кои учествувале со вкупно 281 постери. Од овие, 268 беа изработени од 157 студенти на универзитетите и 13 од страна на учениците од Уметничкото училиште и други средни училишта.

Жирито што ги оценуваше пристигнатите постери беше составено од дизајнерите Небојша Гелевски и Нгадњим Мехмети од Северна Македонија, како и Серџо Оливиоти и Марко Натоли од Италија. Тие првично избраа 70 постери за потесниот избор, а потоа одбраа листа од 15 автори финалисти која беше оценета заедно со Амбасадата на Италија во Скопје.

Прворангираниот постер беше искористен како официјален постер за 21 -та недела на италијанскиот јазик во светот.