Прогласени победниците на конкурсот „Trash for Art“

Со повеќе од 160 пријавени дела во две категории – поединци и училишта, вчера во Кинотека на Македонија беа прогласени победниците од конкурсот распишан од „Пакомак“.

На тема „Види  уметност онаму каде што другите гледаат само отпад“, пријавените изработија најразлични креативни фигури.

Сепак, во категоријата поединци првата награда од 50.000 денари му припадна на Стефан Анчевски, додека во категоријата училишта 50.000 денари ги доби СУГС „Никола Карев“- Скопје.

Наградените дела и делата-финалисти ќе бидат изложени од 21-ви декември 2014 година во Веро-центарот.