Прогласени победничките филмови на фестивалот „SEE a Paris“

Филмот „The Judgement”, на бугарскиот режисер Стефан Командарев беше прогласен за најдобар филм на петото јубилејно издание на Фестивалот на кинематографиите од Југо-Источна Европа „SEE a Paris”. Филмот ја доби наградата и за најдобра режија, како и за  најдобар актер која му беше доделена на Асен Блатечки.

По пет дневната интензивна филмска програма, пропратена со балетската изведба на претставата „14 часа” на Македонската Опера и Балет, изложба на Реџеп Вардар, литературен преформнанс, симпозиум и музички настани, се одвиваше од 12 до 16 Април 2015 на повеќе локации во Париз, како што се престижниот Théâtre Le Palace, INALCO, Centre du Monde, Aux Trois Maillets и L’Entrepot.

Според стручното жири предводено од големиот француски синеаст Ив Буасет, како негов претседател и членовите Зоран Живковиќ – директор на Филмскиот фестивал во Херцег Нови, Хазис Вардар – директор на Театарот Палас, продуцентот Саша Голдман и актерката Еменуела Галабру, останатите награди за најдобри филмови од Југо-источна Европа во 2015 ги добија:

Најдобро сценарио: Анатол Дурбала за филмот „What a wonderful world”, Молдавија и Орхан Такеоглу за филмот “I loved you so much”, Турција

Најдобра актерка: Ана Софреновиќ, за филмот „The Kids from the Marx and Engels Street”, Црна Гора.

Најдобар краток филм: „Balcony”, Режисер: Лендита Зекирај, Косово

Најдобар анимиран филм: „Seesaw”, Автор: Мина Цветиновиќ, Србија

Специјална награда SEE Културно наследство беше доделена на црногорскиот филм „Perast“ во режија на Горан Бјелановиќ. За прв пат оваа година, овој фестивал ќе има и свое издание во Берлин во периодот од 10 до 13 Јуни 2015.

Фестивалот се реализираше со поддршка на Министерството за култура на Црна Гора, Агенцијата за филм на Македонија, Министерството за култура на Македонија и неколку компании.