Прогласени најпродаваните албуми во Велика Британија

Компилацијата „Greatest Hits“ од 1981 година, на групата „Queen“ е именувана како најпродаван албум на сите времиња во Велика Британија. Компанијата „Official Charts“ ги прогласи 60-те најпродавани албуми во Велика Британија, по повод 60 години од првата музичка топ листа.

„Greatest Hits“ на „Queen“ има продадено над 6,1 милион примероци, единствениот албум во Велика Британија кој продал над шест милиони. На второ место е компилацијата од најдобрите хитови на „ABBA“од 1992 година, која има продадено 5,2 милиони примероци. На третото место се најдоа „The Beatles“ со нивниот албум од 1967 година „Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band“ со 5,1 милион примероци.

Првата топ листа е објавена на 22 јули 1956 година, кога Френк Синатра беше број еден со песната „Songs For Swingin’ Lovers“.

Албумот на Адел „21“ е четвртиот најпродаван албум во музичката историја на Велика Британија, и покрај тоа што беше објавен пред пет години. Неговото продолжение „25“ се најде на 27-то место, седум месеци откако беше објавен.

„25“ го победи 18-годишниот рекорд на „Oasis“ за најбрзо продаван албум досега, продавајќи 800 000 копии во првата недела, во споредба со 650 000 продадени примероци на третиот албум на  „Oasis“ во 1997 година.

Роби Вилијамс повеќе пати се појавува на листата со неговите соло албуми „I’ve Been Expecting You“ (48. место), „Swing When You’re Winning“ (56. место), заедно со „Take that“ и албумот „Progress“ (57. место) и компилацијата „Never Forget – The Ultimate Collection“ (59. место).

Целата листа е достапна на овој линк.