Прогласени најдобрите твитерџии и блогери за 2014 година

Прогласени се најдобрите твитерџии и блогери за оваа година. Највлијателен твитерџија трета година по ред е Влатко Васиљ (@VlatkoVasilј), додека најдобар блог за оваа година е прогласен „И ја иам блог“. 

За најдуховит твитерџија е прогласен @sulimanovicнајдобра твитерџика е @mnogufina, а најдобар твит за 2014 е @darjanr „Да го поздравиш и да ми го бациш“

Твитерџија кој најмногу напреднал е @fstojanovski1, а најкорисен твитерџија со вистинска вредност е @banekoma.
Најкомпанија организација на Twitter е @Zlaten_Dab,  а најтаг е  #јер, стартуван од @gas_maska.
Најдобар аватар имал @KokiCvetanoski, најдобар твитерџија во третасмена бил @jovanowski, а најдобро селфи имал твитерџијата @giotto_mkd.

Твитерџија кој почнал да твита во 2014 е @AnsarovF и најактивен од дијаспора бил @justpurpling

Додека во „Блогираме награди“, најдобриот блог зеде награда и за најсмешен,  „И ја иам блог“. За најдобар ИТ блог е прогласен „Zuberot“, најреволуционерен блог е „На точак“, а најблог за мода е „Skopje Casual“. Најфото блог e „Идеи за домот“, nајдобар блог за култура e „Букбокс“, најсекси блогер (блогерка) е @drizzymon, блог пост на годината е „Го сакаме Скопје на точак“ и најдобар спортски блог е „NBA Macedonia“. 

Најголемиот агрегатор на блогови во Македонија blogirame.mk по трети пат го организираше настанот „Твитер и блогираме награди“ каде по пат на гласање се избираа најдобрите твитерџии и твитерџики на годината, а наградите се доделија синоќа во кафулето „Калдрма“ во Дебар Маало.