Прогласени добитниците на Наградата за младинско учество

Националниот младиниски совет ги соопшти младите активисти кои годинава ја добија наградата за младинско учество.

Бленди Ходаи и Ален Умер се добитници на наградата за младинско учество во индивидуалната категорија.

Ходаи ја добива оваа награда за неговата улога како лидер на средношколското движење кое бараше подобра адаптација на образовниот систем со предизвиците од Ковид-19 пандемијата и резултираше со подобрени политики кои ги адрссираат потребите на средношколците.

Ален Умер, пак, за адресирање на потребите на младите во креирањето на локална стратегија за млади на Општина Шуто Оризари, како и за мобилизирање на млади Роми во едукативни кампањи за заштита за време на ковид-19 пандемијата, говор на омраза и за важноста на ромскиот јазик во формалното образование.

Во категоријата на младински организации / мрежи на младински организации, победниците се Младинска алијанска Крушево и Здружението Амос шелтер.

Младинската алијанска Крушево за обезбедување на соработка помеѓу младите од Северна Македонија и Грција преку билатерална канцеларија за младинска соработка која нуди простор на младите да се среќаваат и дискутураат различни теми.

Здружението Амос шелтер за мобилизирање на младите во обезбедување на добросостојбата на бездомните животни на улиците во Северна Македонија преку нивната иницијатива за вдомување која вклучува и вакцинација, стерилизација и проверка на здравствената состојба на животните.

Според гласовите, во категоријата на неформални групи на млади, добитниците се Центарот за еднакви можност Бубамара и тимот на WalkiieApp.

Активистите на Центарот за еднакви можност Бубамара ја добија наградата за спроведувањето на серија активности и кампањи за млади во Полошкиот регион на тема родово-базирана дискриминација во политка, во носење одлуки, родово-базирано насилство, итн.

Младите од Walkiie, пак, за дизајнирање на апликација која поврзува деца и млади со интелектуална попреченост и нивните родители/старатели со волонтери кои се спремни да им пружат поддршка кога се надвор од дома.

Наградата се доделува во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество. Таа секоја година е наменета за да ја истакне заложбата на млади индивидуалци, неформални групи на млади и младински организации кои дале придонес кон општеството преку активно граѓанскo учество.