Професорот кој им предава на 180.000 студенти

Професорот кој има 180.000 студентиАмериканскиот филозоф и професор на универзитетот „Дјук“ Валтер Синот-Армстронг спроведува онлајн-курс наречен: „Think Again: How to Reason and Argue”, кој привлекол неверојатни 180.000 посетители. Курсот започнал во ноември и е понуден на Coursera. Студентите се од целиот свет: ги има од Фиџи, Авганистан и Германија. Овие студенти сакаат да учат и покрај немањето можност да студираат на обичен факултет.

Синот-Армстронг се залага за бесплатно образование. Тој смета дека милиони луѓе од светот кои сакаат подобро образование може да го добијат со он-лајн курсевите на Coursera и сличните веб-страни.

Професорот предава на 100-200 студенти годишно на универзитетот Дјук, а во својата 40-годишна кариера во предавалните имал 8000 студенти. Споредено со 2,5 милиони прегледи за видеата кои ги постира на Coursera, професорот верува дека новиот стил на предавање е можност за професорите-ентузијасти да ги прошират хоризонтите на традиционалниот универзитетски систем.

Видеата досега имале речиси милиони симнувања. Ова е голем успех за професорот бидејќи бројот е 20 пати поголем од студентите до кои може да стигне во неговата кариера. „Доколку навистина верувате дека вашиот предмет е важен и сакате да стигнете до студентите и да ги научите на одредени способности, што е подобро од овој ефикасен начин да допрете до студентите?“, вели Синот-Армстронг.

Извор: Факултети.мк