Професорите Никола Јанкуловски и Ненад Новковски остануваат во трката за ректор на УКИМ

Актуелниот декан на Медицинскиот факултет и професор по Хирургија, Никола Јанкуловски и ексминистерот за образование и професот на ПМФ Ненад Новковски, се двајцата кандидати кои остануваат во финалната трка за нов Ректор на УКИМ, одлучи ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Како што јави репортерката на Радио МОФ, иако е предвидено на тајното гласање да присуствува претседателот на Студентскиот парламент, студентите немаа свој претставник.

Ректорска управа

За двајцата кандидати  кои влегуваат во финалето за избор на новиот ректор на универзитетот сенаторите одлучуваат со тајно гласање. Пријавени за нов ректор на УКИМ беа шест професори. Од трката денеска излегоа Атанас Кочов, деканот на Машинскиот факултет, професорот Коле Василевски од Шумарскиот факултет, Елена Думова Јовановска од Градежен факултет и Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет.