Професори во Шкотска пријавуваат и хранат гладни ученици поради растечката сиромаштија

Детската сиромаштија во Шкотска е толку сериозна, што наставниците се советуваат како да забележат дека дете во нивниот клас е гладно.

Овој проблем е растечки во земјата и има сериозно влијание на образованието. Новите инструкции, кои ќе бидат доставени до училиштата и факултетите низ Шкотска наредната недела, предупредуваат дека гладот кај учениците веќе е многу застапен, а не исклучок како во изминатите неколку години.

„Учениците може да изгледаат бледи, да им биде лошо, да се иритираат лесно или да им недостига концентрација, како и да се жалат на главоболки или да се чувствуваат лошо“, пишува во инструкциите.

„Иако може да има и други причини поради кои се јавуваат овие симптоми, поради зголемениот број на деца и млади во нашите училишта и факултети денес кои живеат во сиромаштија, ќе ја третирате причината како глад“.

Наставниците кои се сомневаат дека ученикот е гладен, треба да го вклучат во „клубови за појадок“ и да му дадат детали за „банки со храна“ за неговото семејство да побара помош, наведено е во инструкциите.

Повеќе од 222 000 деца во Шкотска моментално живеат во сиромаштија, но се предупредува дека тој број ќе порасне доколку владината агенда за штедење продолжи.

„Училиштата и факултетите се дел од општеството и не се толку имуни на проблемите од тоа пошироко општество“, вели генералниот секретар на синдикатот на наставници, Лери Фланаган.

Владата на Шкотска пак, инвестираше околу 329 милиони фунти за идните две години да го прошири бесплатното образование и грижата за децата, воедно ги поздравија инструкциите за наставниците.