Професори и студенти: Подготвени сме на сè, па и на граѓанска непослушност!

Ниту студот, ниту било какви притисоци ќе не избркаат, подготвени сме на сè, вклучително и на граѓанска непослушност, изјави професорката Билјана Ванковска во име на Професорскиот пленум. Професорите и студентите денеска пред Собранието се собраа на јавното заседание во организација на Професорскиот и Студентскиот пленум, за да го повторат својот став против измените на Законот за високо образование со кои се воведува државен испит.

Професори и студенти: Подготвени сме на сè, па и на граѓанска непослушност!

На заседанието кое беше замислено како отворена трибина (пленум) говореа повеќе професори, студенти и асистенти на универзитетите. „Демократија“, „Доста беше молк“, „Уа за државниот испит“, беа дел од скандирањата кои можеа да се слушнат пред Собранието.

Професори и студенти: Подготвени сме на сè, па и на граѓанска непослушност!

Професорите и студентите доставија писмо до пратениците со кое ги повикаа да донесат одлука за повлекување на предлогот од собраниска процедура, кој денеска се најде на дневен ред во Собранието.

Професори и студенти: Подготвени сме на сè, па и на граѓанска непослушност!

„Се надеваме дека пратениците ќе не слушнат, ќе го повлечат законот и ќе ни дадат еден пристоен период од неколку месеци да разговараме за она што е од општо добро и од интерес за сите граѓани на Македонија“, рече професорката Ванковска.

Професорот Владимир Мартиновски прочита делови од писмото на професорите, во кое се повикуват членовите на Комисијата за образование наука и спорт во овој извештај да го отфрлат предлогот и да утврдат дека нема потреба за понатамошно читање.

Професори и студенти: Подготвени сме на сè, па и на граѓанска непослушност!

„Иако уредно побаравме присуство, претседателот на Собранието не нè повика. Очекувавме законодавно-правната комисија неусогласеноста на предлогот со Уставот да го отфрли, но и тоа не се случи. Затоа ги повикуваме пратениците по општата расправа да одлучат да се прекине со натамошно читање постапката со што ќе оневозможат поднесување нов предлог во  следните три месеци“, рече Мартиновски.

Професорите го повикаа и претседателот Ѓорѓе Иванов да собере храброст и „барем сега да каже не“.

„Ако не посегне по ветото, ќе го загуби не само својот политички легитимитет, туку и професорското и моралното достоинство и интегритет. Нам ни останува граѓански отпор. Затоа ве повикуваме да ги послушате нашите заложби и така да избегнете предизвикување на поинаков облик на отпор – граѓанска непослушност, легитимна во филозофијата и историјата на правото, својствена на делата на многумина пред нас“, рече Мартиновски.

Студентот Владимир Делов на заседанието порача дека е недолично за јавни слуги како што се членовите на Владата, министрите, премиерот и пратениците, да не го слушнат мислењето на граѓаните.

Професори и студенти: Подготвени сме на сè, па и на граѓанска непослушност!

„Единствената плата што ја добивме е онаа во форма на психичко и физичко испостување и секојдневното медиумско бомбардирање со манипулации и лаги. Единствениот двигател е нашето чувство на долг кон татковината и народот за да кажеме дека е доста за студентските неправди и дека и ние сме деца на Македонија. Ние, вашиот народ кога ве избравме, не ви дадовме право да бидете семоќни деспоти. Ве избравме да бидете извршители на нашите барања“, рече Делов.

Според професорката Маја Стефановска, предлог-законот за високо образование е антицивилизациски, противуставен и штетен.

„Во овие папки се наоѓаат аргументите на над 300 академици, професори, асистенти од универзитетите во Македонија, сите потпишани со име и презиме. Во овие папки се наоѓаат аргументите на 80 светски мислители и научници, предавачи на врвни светски универзитети потпишани со име и презиме. Во овие папки се наоѓаат аргументите на илјадници студенти од Македонија, претставени од нивниот Студентски пленум“, рече Стефановска и додаде дека откако Владата го изгласа предлог законот, од денеска одговорноста за донесување на измените е префрлена на пратениците.

„Затоа ви се обраќаме вам, не како членови на политички партии, не како членови на парламентарни комисии, туку вам лично, бидејќи вие сте тие кои ќе останат запаметени како луѓето кои го спасиле или го укинале универзитетот во својата земја“, додаде професорката Стефановска.

На пленумот говореше и професорката Гордана Силјановска која пред Собранието рече дека морала да застане на тоа место, зашто во законот има работи кои се непознати не само за компаративното право посветено на високото образование, туку и општо во историјата.

Професори и студенти: Подготвени сме на сè, па и на граѓанска непослушност!

„Одговорно тврдам дека за првпат во ваков закон има затворска казна. Тоа го немало ни кога настанувале универзитетите. Не можам да не напоменам, дека во судот во Стразбург, веќе има неколку постапки за нарушување на приватноста, а во овој закон полагањето на државниот испит е јавно. Не може да правиме „риалити шоу“ од испитот. Не може да ги сликаат студентите додека полагаат. Не. За тоа е потребна дозвола“, рече Силјановска.

Пленумот „Нема да помине“, кој е замислен како јавно заседание на кое се дискутираа начинот на организиран отпор кон предложените измени во образованието, доаѓа по трите студентски протести во организација на Студентски Пленум, на кои десетици илјади студенти протестираа против државниот испит.

К.О.