Професори по индивидуална настава, кренете го гласот!

Индивидуалната настава во музичките училишта е посебна настава. Тука професорот покрај директно, душевно и интелектуално се сретнува со ученикот. Нивниот однос е многу поблизок од класните раководители, наставници и професори кои предаваат групна настава. Тоа се деца талентирани, кои имаат посебен сенс за инструмент кои понатаму созреваат во вистински уметници ако продолжат да се занимаваат со тој уметнички занает и професионално да го свират интрументот кои го одбрале уште од нивното детство. Професорите го следат нивниот начин на живот и се посветени на развојот на нивната музикалност. Постојат професори, наши колеги во светот кои држат семинари и прават бизниси од оваа професија додека ние во нашите училишта работиме со многу повеќе ученици, вон нормалниот фонд на часови за една обична месечна плата. Професори кои многу подобро го владеат занаетот од многу нивни колеги во светот, кои уметноста ја третираат само како бизнис и перење пари.

Кога родителите знаат да ја почитуваат секоја соработка во односот професор – родител, тоа е релација на вистински успех за детето. Но, родителите кои не го знаат тоа секогаш плукаат на она што е пред нив мислејќи дека таму подалеку ќе го пронајдат подобриот пат. Патот е ист, само зависи како нивното дете е насочено да оди по него. Што е најголемата болка поради која решив да напишам за ова? Секако администрацијата.

Професори по индивидуална настава, кренете го гласот!Секој ден се соочуваме со за нас најголемото “зло” во музичките училишта. Таа најголема глупост наречена  “администрација”  го кочи развојот на наставата во музичките училишта, а ние некако премолчуваме мислејќи дека тоа не е проблем. Секој ден си играме „пиши – бриши“ наместо да се насочиме на вистинското образование и на децата. Толку потрошена хартија и непотребно фрлени пари за тоа, а со тие пари ќе може да се донира за некаков интрумент на некое талентирано дете или за некое посиромашно училиште во Македонија. Нивната школарина не е толку висока, ние само примаме деца и сето тоа се таложи за да има некаков квантитет, а немаме време да се посветиме на талентираните деца. И покрај се и администрација на која треба слепо да велиме дека е добро. Комплетен фашизам кон уметноста. Секојдневно одиме со страв на работа мислејќи на некакви инспектори од образование кои воопшто не ја познаваат индивидуалната настава во музичките училишта. Бараат се да биде стокмено и често слушаме само за казни. Сите ние професори по индивидуална настава треба да се запрашаме јавно: Кога ќе биде денот кога ќе не наградат за тоа што толку многу професори по разни инструменти носат многу меѓународни награди во оваа држава?

Професори кои го жртвуваат нивниот приватен живот посветувајќи се како родители на децата на кои им го предаваат тој уметнички занает, да свират на интрумент. Инспекторите си земаат за право да класифицираат и да даваат мислења за тоа кои професори работат добро, а кои не, непознавајќи ја нашата материја. Ниту еден од нас, па дури ниту инспекторите го немаат тоа право да кажат кој професор работи добро, а кој не, се додека професорот носи награди во училиштето во кое работи. Пишувањето дневни подготовки нема да направи детето да свири подобро. Тогаш ќе мора да се организира специјален семинар за наставниците и професорите од индивидуална настава како би изгледала таа “ресавска школа” на препишување едно исто дело.

Анонимен активист и професор од Скопје