Дваесет и три наставници од Стоматолошкиот факултет при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), упатија отворено писмо до ректорот Никола Јанкуловски во кое обвинуваат дека тој пет месеци ја игнорира нивната волја за кандидат за декан на нивниот факултет.
Писмото во целост го пренесуваме во продолжение:
„Кој избира декани на факултетите при УКИМ?
Прашуваат наставниците од Стоматолошкиот факултет при УКИМ
Господине ректоре,
Ние на 12.12.2016 година со мнозинство гласови утврдивме единствен кандидат за декан на Стоматолошкиот факултет за мандатниот период 2017‒2021 година, нашиот кандидат е д-р Ќиро Ивановски, редовен професор. Бидејќи во согласност со Законот и Статутот сте информирани за нашиот избор, Ве прашуваме зошто полни пет месеци ја игнориравте нашата волја и зошто незаконски постапувате? Зошто за времен вршител на должноста декан ја назначивте д-р Мирјана Поповска, редовен професор на Стоматолошкиот факултет?
Зошто нашиот глас не вреди ништо и зошто ја погазивте автономијата на нашиот факултет?
3. мај 2017 год.
Наставниците од Стоматолошкиот факултет при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
1. Ќиро Ивановски, с.р.
2. Георгиева Силвана, с.р.
3. Апостолска Соња, с.р.
4. Капушевска Билјана, с.р.
5. Мира Јанкуловска, с.р.
6. Славе Наумовски, с.р.
7. Маја Пандилова, с.р.
8. Снежана Пешевска, с.р.
9. Габриела Ќурчева Чучкова, с.р.
10. Лидија Кануркова, с.р.
11. Јанкуловска Евдокија, с.р.
12. Александар Грчев, с.р.
13. Алберто Бенедети, с.р.
14. Стевановиќ Марија, с.р.
15. Златко Георгиев, с.р.
16. Сотировска Ана, с.р.
17. Горѓиевска Елизабета, с.р.
18. Василка Ренџова, с.р.
19. Марија Пеева Петреска, с.р.
20. Весна Коруновска –Стевковска, с.р.
21. Величковски Борис, с.р.
22. Сашо Еленчевски, с.р.
23. Јадранка Бундевска, с.р.
Наставно-научниот совет го сочинуваат 38 наставници.