Професор во Хрватска барал учениците да одговараат онлајн покриени со пешкир, родителите го пријавиле

Професорка по физика од Ветеринарната школа во Загреб за време на онлајн испрашувањето од учениците барала на главите да стават пешкир, што предизвикало револт кај родителите, пренесе Индекс.хр.

Целиот случај се истражува откако родителите ја пријавиле професорката кај директорот на училиштето.

Синдикатите, пак, соопштија дека професорката со овој потег се обидела да спречи учениците да добиваат недозволива помош од страна, за што велат дека е голем проблем со онлајн наставата. Од Синдикатот „Препород“ во нивната реакција посочуваат дека прашањето кое треба да се постави е што може да направи наставникот доколку ученикот ја злоупотребува можноста за одговарање на далечина.

„На ова прашање на учителите и наставниците нема да одговори ни директорот, ниту советникот ниту министерот. Сите ќе се сложат дека овој потег на колешката е непримерен, но никој од нив нема да даде совет, а не пак јасен одговор. Одговор нема ни денес, како што немаше ни пред повеќе од една година кога започна наставата на далечина“, стои во соопштението на Жељко Стипиќ од Синдикатот.