Проекција на филмот „Максим“ на Кирил Трајковски во Тетово

Проекција на филмот на „Максим“ на Кирил Трајковски во Тетово

Прва проекција на филмот „Максим“ на младиот македонски режисер Кирил Трајковски во Тетово ќе се одржи на 31 мај во Центарот за балканска соработка „Лоја“. Главната улога ја толкува самиот Трајковски, а во филмот учествуваат и голем број познати актери и музичари: Васил Шишков, Слаткаристика, Тони Зен и други. Филмот е сниман во Индија, Бугарија и Македонија.

„Не си играјте со својата личност, сакајте се себеси, во спротивно несвесното битие ќе ве уништи како што тоа му се случи и на Максим“, е пораката на режисерот Кирил Трајковски и на неговиот филм.

Изработен е во соработка со Токсикологија, Подвижни Слики и Протеус, за монтажата се погрижи Огнен Шапковски, музиката е на Скит Скитара, анимацијата на Вања Шереметковски, а дизајнот на тимот од Вижн Мејтс.