Проекција на два кратки филма на студенти од ЕСРА во Прилеп

Вечерва (26 април) со почеток во 19 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе бидат прикажани два краткометражни филма на студентите по филмска режија од трета година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА од Скопје, кои се во класата на професорот Сашо Павловски.

Два кратки филма на студенти од ЕСРА ќе бидат прикажани во Прилеп

Филмот „Жици“ е по сценарио и режија на Кирил Каракаш од Прилеп, додека автор на сценариото и режисер на вториот филм „Суштинско патување“ е Светислав Подлешанов.

„Жици“ е приказна за електроинженер кој по 15 години се буди од кома. Играат Игор Ангелов, Трајанка Илиева-Таци и Кирил Коруновски. „Суштинско патување“ е приказна за десетгодишно момче, а во него глумат Дамјан Читкушев, Благица Димитровска, Љубен Најдовски, Иван Јерчиќ, Маја Андоновска, Ирина Кузевска и Ивана Ѓеоѓиевска.

Проекциите се соработка меѓу Центарот за култура од Прилеп и Универзитетот ЕСРА, во чија продукција се снимени филмовите.