Проекција на „Уставот на Република Хрватска“ во „Котур“

Во кино и кафе „Котур“ во среда и четврток (16 и 17 јануари) од 20 часот ќе се прикажува филмот „Уставот на Република Хрватска“ на режисерот Рајко Грлич.

Се работи за драма-комедија од 2016 година во копродукција ан Хрватска, Чешка, Словенија и Македонија.

Приказната е за четворица сосема различни луѓе кои живеат во истата зграда, но се одбегнуваат еден со друг поради разликите во поглед на тоа како живеат, во што веруваат и од каде потекнуваат.

„Тие веројатно никогаш не би размениле ни збор, но несреќата ги турка еден кон друг. Нивните животи се преплетуваат на начини што длабоко ги преиспитуваат нивните убедувања и предрасуди во однос на материјалниот статус, сексуалната ориентација, националната припадност и религијата. Полека, па дури и болно, тие почнуваат да се отвораат меѓу себе и да ја препознаваат суштинската хуманост што секој од нив ја поседува“, стои во најавата за филмот.