Проекција на „Туста“ во Кинотека и настап на Културно Уметнички Работници

Вечерва (17 декември), со почеток во 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Туста“, кој е посветен на фронтменот на култниот панк бенд од Пула – Куд Идијоти.

Режисер на филмот е Андреј Коровљев, продуцент е Фактум од Хрватска (Ненад Пуховски), а како копродуценти се јавуваат Wake Up од Србија (Билјана Туторов), Авард Филм и Видео од Македонија (Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ) и Загреб Филм од Хрватска (Винко Брешан).

Филмот е реализиран со поддршка на Хрватскиот Аудиовизуелен Центар и Филмскиот Центар на Србија, а Авард Филм и Видео е дел од копродукцијата со сопствено учество. По проекцијата, ќе следи и настап на музичката група Културно Уметнички Работници, во чест на Туста.