Проекција на „The revolution will not be televised“ и дискусија за ситуацијата во Венецуела

Во среда (30 јануари) во социјалниот центар „Дуња“ ќе се прикажува документарниот филм „The revolution will not be televised“.

Тој се фокусира на настаните во Венецуела во 2002 година, за време на обидот за државен удар кога претседател на државата бил Хуго Чавез.

Проекцијата ќе започне во 19:30 часот, а по неа ќе има и дискусија за актуелната ситуација во Венецуела.

По изборот на Николас Мадуро за претседател на Венецуела, започнаа масовни протести во државата. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, кој доаѓа од редовите на опозицијата, Хуан Гуаидо, за време на демонстрациите се самопрограси за шеф на државата.

Ситуацијата ескалираше откако Мадуро објави дека ги прекинува дипломатските односи со САД, бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп го призна Гуаидо како нов привремен лидер на оваа јужноамериканска земја.