Проекција на студентскиот краткометражен филм „Мрачни Часови“ на Трифун Ситниковски во Кинотека

Во понеделник, во Кинотека ќе се прикажува студентскиот, краткометражен филм „Мрачни Часови: Ноар Приказна“ по сценарио и режија на Трифун Ситниковски, со Александар Микиќ и Александра Стојкова во главните улоги.

Оваа приказна направена во стилот на класичните noir филмови се работи за еден груб и циничен детектив кој откако негов пријател умира во неговата канцеларија и му остава еден џебен часовник со 13 бројки, ја започнува истрагата од неговиот живот. Надежен да најде одговори, детективот почнува да следи една таинствена жена која е поврзана со убиениот човек и мистеријата на џебниот часовник.

Пред проекцијата на овој филм ќе се прикаже и 4 минутниот краток хорор филм, исто така во режија на Трифун Ситниковски, насловен како „Повик во ноќта“.

Влезот е бесплатен.