Проекција на „Скопје ремикс“ и диџеј сет на Мирко Попов во „Котур“

Утревечер во 20 часот во „Котур“ ќе се одржува целовечерен настан посветен на филмот, градската култура и квалитетната македонска независна музика.

Ќе бидат прикажани два кратки филма на македонскиот режисер Борјан Зафировски и музичкиот филмски омнибус „Скопје Ремикс“ по што следува музичката селекција на Мирко Попов. Филмовите ќе бидат прикажани по следниот редослед:

„THE PORTRAIT OF THE YOUNG ARTIST”
Ова е филм кој што зборува за дилемите на еден млад режисер. Тој се прашува какви филмови треба да прави? Дали треба да се продаде и дали треба да ги продава трагедиите од општеството во кое што живее?

Режија -Борјан Зафировски
Продуцент -Иво Антов
Синематографер -Александар Крстевски
Сценарио -Сорен Тило Фундер
Монтажа – Благоја Неделковски
Музика -Роботек
Улоги -Сорен Тило Фундер

„ALEF”

Минимална, црно-бела и автентична реалност за двјаца во љубов. Стварноста ја конституираме по слободен избор од неограничен број на потенцијални реалности од кои секоја е подеднакво легитимна, или едноставно бегаме во веќе конституирана реалност. Добредојде во ТВ симулакрумот.”

Сценарио и Режија -Борјан Зафировски
Продуцент -Игор Цветковски
Синематографер -Димо Попов
Монтажа -Петар Џуровски
Музика -Роботек
Сценографија -Илина Ангеловска
Улоги: Борче Начев, Милјана Додевска, Александар Чомовски, Емил Костоваски

СКОПЈЕ РЕМИКС“ е музичко-филмски омнибус од 9 кратки филмови во режија на Борјан Зафировски, Даријан Пејовски, Огнен Димитровски, Срѓан Јаниќијевиќ, Ѓорче Ставрески, Саша Станишиќ, Вардан Тозија, Синиша Евтимов, Јане Алтипармаков и Бојан Трифуновски.

Идејата на овој проект е да се покаже една урбана страна на Скопје, во која ќе се промовираат македонските уметници, покрај младите режисери тука огромна улога играат и македонските музичари а исто така и наши скулптори и мултимедијални уметници, кои имаа можност да бидат дел од овој филм и да учествуваат во него презентирајќи ги своите дела на еден индиректен начин.