Проекција на шведски филмови во Кинотека

Во организација на Амбасадата на Шведска, вечерва и утревечер во Кинотека на Македонија од 20 часот ќе бидат прикажани шведските филмови „Его“ и „Хотел“.

Вечерва ќе се прикажува „Его“, дебитантски филм на режисерката Лиса Џејмс Ларсон од 2012 година кој тематизира што е навистина важно во животот.

Проекцијата на „Хотел“ пак е најавена за во среда (28 октомври) и третира тема за луѓе кои поради лични проблеми посетуваат групна терапија. Одлучуваат да отидат некаде каде може да се обидат да бидат она што навистина сакаат да бидат – и почнуваат да одат од еден хотел во друг. Режисер на овој филм од 2013-та е Лиса Лангсет.

Влезот за двете проекции во Кинотеката е бесплатен за посетителите.